Збогум Кил: Зарабец се сели во Полска

Миха Зарабец ќе стави крај на авантурата во Кил што трае уште од 2017 година, откако словенечкиот интернационалец реши на крајот од сезонава да ги смени клупските бои и да се пресели во Полска, како член на вицешампионот Висла Плоцк.

Тој пред неколку години беше поврзуван и со Вардар, на крајот реши да остане во Кил, но сега дојде време за разделба од „зебрите“.

„Кога дојдов во Кил во 2017 година не верував дека ќе останам толку долго во еден така голем клуб. Минав многу години, освоивме бројни трофеи и запознав луѓе кои ќе ми останат пријатели за цел живот. Од почит кон Кил воопшто не размислував за друг клуб од Германија, мој приоритет е да продолжам да играм во Лигата на Шампионите и затоа ја избрав Висла. Сепак, во наредните шест месеци мој апсолутен фокус останува Кил и борбата за трофеи“, изјави Зарабец.

Се вчитува...