Збогум, Металург: Шпенде веќе потпишал за Загреб

Левиот бек на Металург, Александар Шпенде, нема намера да го продолжи својот престој во „Автокоманда“ откако веќе го договорил својот следен чекор во кариерата. Хрватскиот првак Загреб е новиот клуб на Шпенде, со кого овој ракометар веќе потпишал и договор на две години. Словенечкиот весник „Дело“ твди дека трансферот е целосно комплетиран, a Шпенде доаѓа во Загреб на барање на тренерот Тамше.

Александар Шпенде пристигна во „Автокоманда“ неколку месеци по стартот на сезоната и веднаш се наметна како еден од лидерите на Металург. Добрите игри за македонскиот вицепрвак му донесоа и повик од словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, но и интерес од други клубови. Металург испрати понуда за да го задржи Шпенде и за наредната сезона, но како што стојат работите негова следна дестинација сепак ќе биде Хрватска.

Претходно, Словенецот ќе биде значаен адут на тренерот Брестовац во биткатата за второто место од плејофот во македонскиот шампионат.

Се вчитува...