Збогум за Оклахома – Јута во полуфинале, Кливленд и Индијана ќе играат мајсторка

Индијана одигра фантастичен натпревар синоќа славејќи против Кливленд со 121-87 па си обезбеди седми натпревар во битката за полуфинале во Источната конференција.

Се на натпреварот беше познато по третата четвртина, па во финишот за Кливленд играше комплетната резервна постава. Фрустрирачка ноќ имаше за Леброн Џејмс кој постигна 22 поени.

Рукито на Јута џез, Донован Мичел, пак, одигра неверојатен меч со 38 постигнати поени, од кои 22 во третиот период и Јута со победа од 96-91 ја елиминираше Оклахома веќе во првиот круг од НБА плеј-оф доигрувањето.

Расел Вестбрук имаше 46 поени на мечот, но залудно сето тоа со оглед на фактот дека Пол Џорџ беше очаен со шут 2/16. Јута сосема заслужено оди понатаму со 4-2 во серијата.

Во полуфиналето место има и за Торонто кој победи против Вашингтон со 102-92 и со вкупен триумф во серијата од 4-2 продолжува понатаму.

Се вчитува...