Зденек Земан се враќа во Серија А, го презема кормилото на Пескара

Чешкиот стратег Зденек Земан повторно се враќа во еден клуб од Серија А. Тој го презема кормилото на последнопласираниот тим од италијанскиот шампионат, Пескара, кој има освоено само 9 бода во досегашниот тек од сезоната. Оваа седмица раководството на Пескара се раздели со Масимо Одо, кој досега го водеше тимот.

„Да се надеваме дека се ќе се развива во добра насока. Ќе има разговор со сопственикот на клубот по утрешниот тренинг“, изјави Земан.

Пескара загуби на гостувањето против Торино со 5-3, а претстојниов викенд ќе игра против Џенова на домашен терен.

Се вчитува...