Здодевно е да си директор: Тоти учи да стане тренер

Франческо Тоти по завршувањето на кариерата ја прифати улогата на директор во Рома, но фудбалската легенда на „волчицата“ очигледно не ужива во бирократија.

Последните информации велат дека Тоти планира да почне тренерска кариера, па веќе стартувал со првиот задолжителен курс.

Франческо сака да биде тренер, неговата амбиција е еден ден да води екипа во Серија А. Сите потребни дипломи ќе ги стекне во Тригорија, по што ќе полага за А лиценца“ – објави весникот „Газета дело спорт“ во своето денешно издание.

Фудбалското знаење му е несомнено, па по добивањето на лиценца јасно е дека тој нема да чека многу за првите понуди.

Се вчитува...