Здравковски: Сега наше е на последните меча од квалификациите да одиме на шест бода, а другото оставаме на Господ

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, по лошо одиграно прво полувреме, на крајот мораше да се задоволи единствено со реми (1-1) против Израел во еден од клучните натпревари на патот кон ЕП.

Избраниците на Милевски на крајот и се спасуваа од пораз во судиското продолжение преку Атанасов од слободен удар. Еднакво е размислувањето кај македонските фудбалери дека можеа и многу повеќе на денешниот дуел, но остануваат шансите во последните два меча сепак и за можност за ЕП.

„Не би рекол дека се спасивме само затоа што постигнавме гол во последните секунди. Напротив, во вториот дел бевме подобар противник на овој натпревар. Селекторот направи добра анализа на противникот. Може да се каже дека во првиот дел не влеговме со чисти глави, уште не сме свесни каков квалитет поседуваме. Како и да е пласманот на ЕП ќе зависеше од резултатот на неколку други екипи, наше е на следните два меча да освоиме шест бодови, а за другото ќе оставаме на Господ што ќе се случи“ -истакна по мечот капитенот Давор Здравковски.

Се вчитува...