Здравствените проблеми на Агуеро го носат Олмо на „Камп Ноу“

Кун Агуеро нема да и биде на располагање на Барселона во следните три месеци, а отсуството на Аргентинецот може да биде и подолго доколку по дополнителните прегледи се воспостави дека срцевите проблеми се посериозни. Тоа ги примора каталонците на замена, а изборот е Дани Олмо, пренесува шпански „Ас“.

Шпанецот кој воедно и потекнува од младинската школа на Барселона каде помина седум години од 2007 до 2014 година, во последните сезони се постави како еден од најдобрите играчи на својата позиција. 23-годишникот воедно беше и голема желба на тимот во претходниот преоден рок, но финансиските проблеми ги примораа каталонците да се откажат од реализација на трансферот.

Сега работите се променети па Барселона ќе мора да купува нови играчи, а доколку не успее да го доведе Олмо има и план „Б“. Тоа е фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг кој не е задоволен со минутажата кај „граѓаните“, а понуда од Барселона не се добива секој ден.

Се вчитува...