Зекирија Рамадани повторно на Косово, ќе го предводи Фероникели

Довчерашниот тренер на Шкупи, Зекирија Рамадани, повторно ќе работи на Косово. Тој се враќа на клупата на косовскиот клуб Фероникели, каде што работеше и пред да седне на клупата на Шкупи. По слабиот старт на сезоната во македонскиот шампионат, Рамадани се повлече, а на негово место во тимот од Чаир дојде турскиот стратег Хајати Сојдаш.

Но, Зекирија Рамадани брзо доби понуда од раководството на Фероникели и ја обнови соработката со овој клуб.

„Имав одлична соработка со раководството на Фероникели и претходно, и затоа не ни разгледував други понуди кога тие ме побараа повторно да бидам тренер на тимот. Верувам дека ќе имаме многу успеси“, изјави Рамадани.

Се вчитува...