Зени Хусмани од Домжале се пресели во Гиресунспор

Македонскиот фудбалски интернационалец Зени Хусмани ја напушти Словенија во последниот ден од летниот преоден рок. Тој кариерата ќе ја продолжи во Турција, каде во претстојната сезона ќе го носи дресот на турскиот второлигаш Гиресунспор.

Хусмани заминува на едногодишна позајмица од Домжале, со опција за целосно откупување на договорот. Гиресунспор е амбициозен второлигаш кој има намера да се бори за влез во елитното турско фудбалско друштво. Зени Хусмани е едно од засилувањата кои треба да помогнат во реализација на целта, со добри игри во средниот ред.

Се вчитува...