Зенит ремизираше без голови со Динамо Москва пред доаѓањето во Скопје

Зенит ремизираше без голови на гостувањето против Динамо Москва во 9. коло од рускиот шампионат, на дуелот кој беше последен тест за составот на Роберто Манчини пред доаѓањето во Скопје и дуелот со Вардар на стартот од групната фаза во Лигата на Европа.

Тимот од Санкт Петербург имаше неколку можности да дојде и до триумф на дуелот но не успеаја да реализираат Дриуси и Мамана. Во финишот Динамо Москва имаше две извонредни шанси да казни, но Лунев убаво интервенираше.

Во девет натпревари, Зенит и натаму е единствена екипа во Русија без пораз со шест победи и три ремија, на врвот од табелата со 21 бод. Пред Локомотива Москва и ЦСКА Москва кои се со 19, односно 16 бода.

Се вчитува...