Тренерска смена во Зенит

Рускиот евролигаш, Зенит одлучи да се раздели со искусниот шпански стратег Жоан Плаза. Слабите резултати во Евролигата во која рускиот тим има само седум победи и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, беа главниот фактор за разделбата меѓу Зенит и Плаза.

„Ти благодариме тренеру за се што направи и ти посакуваме многу среќа во понатамошниот дел од кариерата“, стои во соопштението од клубот.

Плаза во Санкт Петерсбург пристигна во 2018 година, а годинава се запиша со „златни букви“ во историјата на клубот, откако го водеше во дебитантската сезона во елитното кошаркарско натпреварување.

Главен фаворит за нов тренер на Зенит е поранешниот кормилар на Барселона и на Панатинаикос, Чави Пасквал.

 

Се вчитува...