Жарко Ристовски шампион на Западна Азија со Ал Рајан

Македонскиот одбојкарски тренер Жарко Ристовски на чело на клупата на Ал Рајан дојде до уште една титула на азискиот континент.

Ал Рајан е шампион на Западна Азија откако во финалето на првиот Западно-азиски клупски шампионат кое се одржа во Јордан славеше убедливо со 3-0 против Кувајт Клуб на тој начин потврдувајќи ја доминацијата во Азија.

Ристовски со најновиот трофеј само ја дополнува збирката титула на азискиот континент издвојувајќи се и како еден од најтрофејните тренери во Азија.

Се вчитува...