Ливерпул и Челси ќе ги одмерат силите веќе во осминафиналето од англискиот лига-куп откако двата поранешни шампиони беа извлечени еден против друг на синоќешната ждрепка за новата рунда од ова натпреварување.
Ливерпул во минатата рунда го елиминираше Тотенхем, а во осминафиналето ќе се сретне со уште поголем предизвик, Челси кој предводен од Чаби Алонсо одлично ја почна новата сезона.
Арсенал не би требало да име никакви проблеми на гостувањето против Флитвуд, а Брајтон по елиминацијата на Манчестер јунајтед најверојатно го очекува ново гостување во Манчестер, доколку Сити вечерва во последниот меч од 1/16 финалето слави над Норвич.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ
Флитвуд – Арсенал
Манчестер Сити/ Норвич – Брајтон
Евертон – Њукасл
Сандерленд – Брентфорд
Ливерпул – Челси
Брадфорд – Питерборо
Фулам – К. Палас
Борнмут – Астон Вила
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
