Ждреб за Вимблдон: Надал и Ѓоковиќ можат да се сретнат дури во финалето

Првиот носител на Вимблдон и бранител на титулата, Новак Ѓоковиќ ќе има тежок пат до нов трофеј на неофицијалното Светско тениско првенство во Лондон. Денешната ждрепка за претстојниот Грен слем одлучи дека прв ривал на Србинот ќе биде Корејецот Квон, моментално 85. играч во светот.

Ѓоковиќ во четвртфиналето треба да игра со петтиот фаворит Карлос Алкараз, а во полуфиналето со подобриот од дуелот Хуркач – Руд. Во втората половина од ждрепката во предвиденото четвртфинале, Циципас оди кај минатогодишниот финалист Беретини, додека Надал игра против Ауге Алијасим. Шпанецот и Србинот би можеле да се сретнат само во финалето на овој турнир.

Инаку, Вимблдон почнува следната седмица, во понеделник.

 

 

 

Се вчитува...