Жељко Бабиќ е позитивен на коронавирус

Тренерот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ е позитивен на коронавирус, потврдија од битолскиот тим. Тој при последното тестирање пред патувањето во Магдебург добил позитивен тест. Во моментов тој е во карантин и е асимптоматски случај. Тимот во Магдебург ќе го водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот. Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига). Клубот му посакува брзо оздравување и враќање на работното место. Исто така известени се претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер играше натпреварот од плеј-офот на Суперлигата во саботата“, информираат од Пелистер. 

Натпреварот меѓу Магдебург и Еурфарм Пелистер ќе се игра утре со почеток во 18:45 часот.

Се вчитува...