Жестоките „воини“ се нерешлива загатка за Леброн и компанија… (видео)

Голден стејт славеше на гостувањето во Кливленд против Леброн Џејмс и компанија со 108-118 во големата дерби пресметката од синоќешната програма во НБА лигата.

Кливленд одличено го почна мечот под диктат на Леброн Џејмс одржувајќи постојана предност, за конечни 64-57 на полувремето. Но, во третиот период „Воините“ ја стигнуваат предноста на Кливленд па се впуштаат во неизвесна завршница.

Комплетниот пресврт следи во последната четвртина кога Голден стејт доаѓа до предност и од +14, која ќе биде сосема доволна за конечна победа.

Вориорси до триумфот ги предводеше Кевин Дурант со 32 поени, а Стеф Кари дополни со 23 поени, додека Клеј Томпсон постигна 17 поени.

Кај Кливленд одлична партија пружи Леброн Џејмс со 32 поени, 8 скока и 6 асистенции, а Ајзеа Томас заврши со 19 поени.

Оклахома пред своите навивачи стигна до триумф од 95-88 против Сакраменто. Најефикасен во победничката екипа беше Кармело Ентони со 20 поени, додека на Расел Вестбрук му недостасуваше само една асистенција за нов „трипл-дабл“. Вестбрук мечот го заврши со 19 поени, 16 скока и 9 асистенции. Кај Сакраменто најефикасен беше Бади Хилд со 16 поени.

Индијана славеше сигурна победа на гостински терен против Јута од 94-109.

Се вчитува...