Жесус: Стефан Ристовски одигра одличен меч, добивме многу со него!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра одличен меч синоќа за Спортинг Лисабон во ремито (1-1) против Јувентус од Лигата на шампионите. Апсолутно успеа да го сопре Марио Манџукиќ, за што по мечот честитки доби и од тренерот на Спортинг, Жорге Жесус кој не ги криеше пофалбите за македонскиот фудбалер…

„Ристовски одигра одличен натпревар. 90 минути беше незапирлив на теренот, максимално сопирајќи го Манџукиќ за кој сите знаеме дека е тешко да се чува, од физички аспект. Треба да бидете мудри во една таква игра, а Стефан беше одличен. За жал, се повреди во 90.минута, па мораше да биде повлечен. Во секој случај, Спортинг доби многу вечерва. Мислам дека и со Ристовски и со уште неколку фудбалери кои одиграа одлично добивме нов квалитет кој многу ќе значи во текот на сезоната“ – рече Жесус.

Се вчитува...