Фудбалерките на ЖФК Скопје уште во првото квалификациско коло ги завршија своите настапи во Лигата на шампионките, по денешниот пораз од ирскиот шампион Атлоне.
На дуелот во Полска, ЖФК Скопје загуби со 4-0 од Атлоне, со што доживеа елиминација во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Ирките постигнаа два гола во првото полувреме, а потоа уште два за лесна победа над македонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
