Жиру ќе остане уште една сезона во Челси

Финалистот во Лигата на Европа, англискиот премиерлигаш Челси, ќе го продолжи договорот на францускиот интернационалец Оливие Жиру за уште една сезона. Раководството на клубот ќе ја искористи клаузулата во неговиот договор за продолжување на соработката, затоа што Челси има забрана за реализација на трансфери во претстојниот преоден рок.

32-годишниот Жиру најчесто беше на клупата за резерви изминатава сезона и поради тоа сакаше да го напушти „Стемфорд бриџ“, но, сепак, ќе мора да остане уште една сезона во лондонскиот состав.

Челси ќе игра против Арсенал во финалето на Лигата на Европа во Баку.

Се вчитува...