Животна исповед на Никола Јокиќ: Чистев штали, а потоа ми рекоа ’оди играј кошарка’

Никола Јокиќ стана српски и еврооски бренд во НБА – лигата, а зад себе има неверојатна животна приказна. Едвај го натерале да почне да игра кошарка, а открива дека дотогаш чистел штали, затоа што има неверојатна љубов кон коњите. Сега е еден од најплатените спортисти во светот, со договор од 146 милиони американски долари, за наредните пет сезони во Денвер нагетс.

„Татко ми ме упати да играм кошарка. Кога ми го соопшти тоа, почнав да плачам. Јас не сакав да тренирам, имав само десет години и сето тоа ми беше многу чудно, се плашев. После првиот контакт со топката, увидов дека можам. Имав одредени проблеми со тренерот, па затоа отидов во КК Сомбор. Таму минат три години, а потоа престанав да тренирам. Тогаш коњите ми станаа многу важни во животот, постепено навлегував во тој свет, дури и ги чистев шталите. Верувајте дека кога дојдов во Мега, не можев да направам ниту еден склек. Сега се смеам, кога ќе се потсетам на тој период“, се потсетува Никола Јокиќ.

Сега тој е еден од најдобрите кошаркари во НБА – лигата, перјаница на Денвер нагетс.

Се вчитува...