Животот приредува чуда: Адријан беше отфрлен, без клуб, но одеднаш му се јави Ливерпул и „главен“ е во Европа

Шпанскиот голман Адријан беше разорачан од фудбалот, можеби и од животот, тренираше со шпански шестолигаш и не знаеше што го чека во иднина. Но, животот носи чуда и тоа му се случи и на голманот кој десетина дена подоцна стана херој на Ливерпул и како член на европскиот првак го освои трофејот во Суперкупот на Европа.

Адријан остана без клуб по разделбата со Вест Хем, се врати дома во Шпанија и тренираше со УД Пилас, шестолигаш од регионот на Андалузија. Одеднаш доби повик од Јирген Клоп поради голманската криза во Ливерпул, требаше да биде замена, но на првиот меч од новата сезона во Премиер – лигата се повреди и Алисон Бекер и тој застана на голот.

Ливерпул лесно славеше на тој меч против Норич со 4-1, а Адријан беше прв и единствен избор за Клоп и во Суперкупот на Европа против Челси. Имаше одлично издание, „главен“ при изведувањето на пеналите во решавачките моменти и се закити со голем трофеј. И сега е на врвот на Европа, само десетина дена откако за него се делуваше дека е загубено или во најмала рака неизвесно.

Адријан на пријателите од УД Пилас им испрати нова спортска опрема како благодарност за прекрасниот прием и сега ужива во деновите на слава во редовите на актуелниот европски првак. Животот приредува чуда…

Се вчитува...