Жоао Феликс по осум месеци постигна гол – Атлетико лесно против Реал Бетис

Атлетико Мадрид стави крај на серија од два натпревара без победа откако славеше на домашен терен против Реал Бетис со 3-0, а „јорганџиите“ имаа и дополнителен мотив за славје бидејќи Жоао Феликс го прекина осум месечниот пост.

Мадридскиот состав поведе уште во 26. минута од натпреварот со голот на Караско, а резултатот 1-0 остана на семафорот и до крајот на првото полувреме. Во вторите 45. минути Хермосо стрелаше за 2-0 во 50. минута, но голот беше поништен поради офсајт, а до посакуваните 2-0 „јорганџиите“ стигнаа во 63. минута по автоголот на Пезела.

Жоао Феликс влезе како замена за Луис Суарез во 71. минута, а девет минути подоцна го прекина постот од осум месеци без постигнат погодок откако на асистенција на Караско конечно се запиша во листата на стрелците.

Со оваа победа Атлетико Мадрид го „скокна“ Реал Бетис на табелата во Ла Лига и сега со 22 освоени бода ја завзема четвртата позиција. Реал Бетис е петти со бод помалку, но и натпревар повеќе во однос на денешниот противник.

Се вчитува...