Жота за историја – гол број 10.000 на Ливерпул

Диого Жота е фудбалерот кој си обезбеди место меѓу легендите на Ливерпул, постигнувајќи го јубилејниот 10.000 гол на „црвените“ на сите официјални средби во сите натпреварувања, во 128-годишната историја на клубот од „Енфилд Роуд“.

Португалецот немаше тешка задача да ја затресе мрежата по одличната акција на Шаќири и Александер Арнолд, за гол број 10.000 во 128-годишната историја на Ливерпул.

Првиот гол за Ливерпул го има постигнато Џок Смит во септември 1892 година како дел од Ланкашир-лигата.

 

Се вчитува...