Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и дефинитивно го отпиша Деле Али од својот тим, пренесуваат британските медиуми. Тотенхем вечерва се среќава со Барнли во Премиери-лигата, а на списокот на фудбалери кои ќе настапат го нема Али. Тој не е повреден, а бидејќи досега сезонава во домашниот шампионат одигра само еден меч, против Манчестер Јунајтед, очигледно е дека ја има изгубено довербата на Мурињо.
За потсетување, Али мечот против ЛАСК Линц во Лигата на Европа го почна на клупата за резерви, а ги одигра само последните 30 минути кога влезе на местото на Ерик Ламела. Али во Тотенхем стигна во 2015 година од редовите на Милтон Кејнс Донс, а неговата епизода во лондонскиот клуб најверојатно ќе биде завршена во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА