ЖРК Куманово со втор пораз од Галичанка Лвов се прости од Европа

Ракометарките на Куманово загубија и во вториот меч против Галичанка Лвов и ги завршија настапите во европскиот куп. Овој пат кумановки одиграа далеку подобар меч во кој на полувреме имаа и позитива од еден гол 16-15, но повторно паднаа во вториот дел и на крајот забележаа нов пораз од 26-31.

Александра Боризовска со седум гола беше најдобра во таборот на тимот од Куманово, додека во победничкиот тим Фурманец исто така постигна седум гола.

И двата натпревари од европскиот куп се играа во Украина, а во првиот кој се играше во петокот македонскиот прволигаш загуби со 33-17.

Се вчитува...