Жулиен Лопетеги е нов тренер на Вест Хем

Шпанскиот стратег Жулиен Лопетеги е назначен за нов менаџер на Вест Хем, потврдија од клубот .

Лопетеги како тренер ја водеше шпанската репрезентација, беше тренер на Порто, Реал Мадрид, Севиља и Вулверхемптон. Тој официјално ќе ја преземе функцијата во Вест Хем на 1. јули.

„Вест Хем е многу задоволен што може да го објави назначувањето на Хулен Лопетеги за нов тренер. Назначувањето на искусен тренер претставува нов чекор во развојот на фудбалската стратегија на Вест Хем, која ја започнавме во јули 2023 година со доаѓањето на Тим Стаидтен за технички директор“, се вели во официјалното соопштение на клубот.

Се вчитува...