Зидан: Дебито како селектор е поемотивно од дебито како играч

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, изјави дека неговото деби на клупата на „тиколорите“ ќе биде поемотивен од дебито во националниот тим како играч пред три децении.

Легендарниот Французин во петок ќе дебитира на клупата на „триколорите“ во гостувањето против Турција во рамките на А-лигата на Лигата на нации.

„Чувствувам огромни емоции што сум на чело на оваа репрезентација“, изјави Зидан на прес-конференцијата пред натпреварот.

Зидан седна на клупата на Франција по заминувањето на Дидие Дешам, со што конечно го оствари сонот да стане селектор.

„Ова е нешто ново. Ја презедов функцијата селектор и затоа многу се зборува за тоа. Тоа е разбирливо. ора да ги прифатите работите такви какви што се. Но, јас не сум тука поради тоа. Најмногу ме интересира да победуваме“, порача Зидан.

Се вчитува...