Франциската репрезентација од вчера почна со тренинзите под водство на Зинедин Зидан, а новиот селектор веќе донел една вжна одлука која се однесува на најголемата „ѕвезда“ во тимот, Килијан Мбапе.
Имено, Зидан реши да не го користи Мбапе како класична „деветка“, нешто што во последните години му беше улога кај Дидие Дешамш. Идејата на Зизу е Килијан да дејствува како лево крило, улога што беспрекорно ја извршуваше на почетокот од кариерата во дресот на Монако, а потоа извесен период и во ПСЖ.
Мбапе беше крило во француската репрезентација додека Жиру беше „деветка“ кај Дешмп, но по повлекувањето на екс-ѕвездата на Милан и на Арсенал таа улога му припадна токму на асот на Реал Мадрид.
Зидан верува дека Мбапе повеќе ќе придонесе како крилен офанзивец, а во зависност од тактиката и противникот, улогата на „деветка“ ќе му припадне на Дембеле или пак на Маркус Турам.
Останува да видиме како сето тоа ќе функционира на првиот меч, на гостувањето во Турција закажано за в петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
