Франција се мачеше до самиот финиш да стигне до победа, но фудбалската јавност во оваа земја е импресионирана од она што Зинедин Зидан успеа за така кратко време да го направи како селектор.
Ова се однесува пред се на стилот на игра, со инсистирање на посед на топка и што побрза преселба пред противничкиот шеснаесетник.
Бројките од дуелот со Белгија се неверојатни, француските фудбалери имале дури 92% успешност во додавањата, 629 прецизни додавања од вкупно 681 на натпреварот.
За ова да делува уште поимпресивно, Французите имале повеќе успешни додавања во противничката половина (362) отколку во сопствената (267).
➡️ https://t.co/W0QsAZtpmX
Ils n’avaient pas fait aussi bien depuis 20 ans : face aux Belges, les Bleus ont réussi 92,8 % de leurs passes dans le camp adverse pic.twitter.com/eAKlhvQiyr— L’Équipe (@lequipe) September 28, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
