Зидан му испрати порака на Бејл – за Велшанецот нема место меѓу „кралевите“

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му испрати јасна порака на Герет Бејл, откако второ коло по ред Велшанецот не беше дел од тимот во Ла лига. Бејл е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“. Тој не е во плановите на Зидан за следната сезона.  По дуелот со Реал Соседат Зидан не сакаше да говори за Бејл, велејќи само дека тој е подготвен и нема проблеми со повреди, но не криеше што значи изоставањето од тимот.

„Тој е подготвен. Не знам дали ќе игра против Бетис. Мислам дека на сите ви е јасно што направив викендов. Не чека уште еден натпревар сезонава, па потоа ќе видиме што ќе биде следната година“, изјави Зидан. 

Герет Бејл има уште три години од актуелниот договор со Реал и тоај а и неговиот агент постојано потенцираат дека Велшанецот нема намера да си оди од Мадрид. Шпанските медиуми тврдат дека релацијата меѓу Зидан и Бејл ја поминала границата на можна поправка.

 

 

Се вчитува...