Зидан: Победата од 3-1 е реална, но не и доволна за четвртфинале

Зинедин Зидан изрази задоволство од покажаниот карактер и играта на својот тим, но исто така и ги предупреди фудбалерите на Реал Мадрид дека им претстојат уште тешки 90 минути во Неапол за да го обезбедат пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Тоа е фудбалот, ние тргнавме максимално отворено од првата минута, игравме интензивно, а тие го постигнаа првиот гол. Задоволен сум бидејќи игравме на вистинскиот начин, се вративме во средбата и заслужено победивме. Победата од 3-1 е реална, но не е доволна за четвртфинале, затоа ќе мора да одиграме најдобро што знаеме и на реваншот во Неапол“ – изјави Зидан.

Серхио Рамос жалејќи се на повреда беше повлечен од игра на 20 минути до крајот, но тренерот на Реал смета дека тоа не е премногу сериозен проблем.

Тој имаше болки од почетокот, но стисна заби и одигра одлично. Повеќе го повлеков бидејќи веќе имаше жолт картон“ – објасни Зинедин Зидан.

Се вчитува...