Зидан: Почнуваме одново, не важи веќе дека сме шампиони во ЛШ

Европскиот првак Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ја отвора својата нова епизода во Лигата на шампионите, а тренерот Зинедин Зидан вели дека новиот старт значи и нов предизвик за освојување на пехарот. Тоа што се актуелни шампиони во елитното европско натпреварување веќе нема голема важност.

„Почнуваме одново во Лигата на шампионите. Тоа што сме актуелни освојувачи веќе на важи ништо. Треба да се докажуваме на секој нареден натпревар и да победуваме. И тоа не е ништо ново за Реал Мадрид. Очекувам тимот да реагира по ремито со Леванте и да оствариме победа, но и да ги задоволиме вкусовите на нашите фанови. Од Реал секогаш се очекува најдоброто. Ќе ни недостига Карим Бензема кој е повреден, но се враќа Кристијано Роналдо, кој е желен за игра и голови. Можеби во ростерот ни недостига уште една „деветка“, напаѓач кој ќе може да помогне од позадина, но јас не сакав да си замине Алваро Мората. Сепак, ги немаме и него и Маријано, а јас верувам во квалитетите на Борха Мајорал“, изјави Зинедин Зидан во пресрет на дуелот со АПОЕЛ.

Се вчитува...