Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, официјално го напушти репрезентативниот камп по повредата на левото колено заработена на натпреварот против Турција во Лигата на нации.
Напаѓачот се повреди во 54-тата минута при шутот со кој го постигна победничкиот гол за Франција (1-0), што воедно беше и деби на новиот селектор Зинедин Зидан.
По мечот искусниот стратег изјави дека повредата на неговата прва ѕвезда воопшто не изгледа добро…
„За жал, ситуацијата не изгледа добро. Мислам дека ќе мора да се врати. Нема да ризикуваме ништо. Дојде до хиперекстензија на коленото при шутот. Тоа не е охрабрувачки“, изјави Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
