Зидан: Реал има 33 титули, а колку има Барселона

Чудна е ситуацијата Реал Мадрид да влезе во месец април без шанса за ниту еден трофеј, но Зинедин Зидан е убеден дека тоа ќе биде само мотив повеќе за „кралскиот клуб“ следната сезона да прикаже далеку подобри игри и да ја збогати својата колекција на пехари.

„Годинава сме без трофеј, тоа е вистината. Но, ако се вратиме на минатото, Реал Мадрид има 33 титули во „Ла Лига“, колку има Барселона? Знаеме дека ривалот доминираше во последните години и му честитам поради тоа, но тоа ќе биде само мотив плус за нас. Потешко е да се стигне до „Ла Лига“ отколку до Лигата на шампионите, бидејќи треба да се биде најдобар по 38 натпревари. Сепак, верувам дека со добри подготовки од првиот ден на предсезоната, максимално ќе влеземе во натпреварите од првото коло и на крајот ќе се радуваме на титулата“ – изјави Зидан.

Францускиот стратег демантираше дека од клубот му е наложено дека мора најпрвин да го продаде Герет Бејл за да го ангажира Еден Азар, а не сакаше ниту да влезе во дискусија околу иднината на Куртоа, по најавите дека белгискиот голман летово ќе биде продаден.

Се вчитува...