Зидан: Секогаш е предизвик да се игра во Дортмунд

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан знае дека ќе биде тешко да се победи тимот на Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна“, знаејќи ја атмосферата во прекрасниот фудбалски храм, но и фактот дека се уште немаат забележано победа против „милионерите“ на нивен терен.

„Можам да кажам дека сме во добра форма, доаѓаме со освоени три бода од домашното првенство, па задоволството е големо што продолжуваме во оваа прекрасна арена арена каде се дише и живее за Лигата на шампиони. Тешко е да се издвои победа на секој гостински терен, но „Сигнал Идуна парк“ секогаш е голем предизвик за нас, особено што се уште немаме остварено триумф кога гостуваме тука. Очекувам да одиграме на ниво, да приредиме квалитетен натпревар“, истакна Зидан.

Се вчитува...