„Ѕидот“ во одбраната на Наполи се сели на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед ова лето ќе тргне по потписот на ѕвездата на Наполи, Ким Мин Џеј, пренесуваат англиските медиуми. Јужнокореецот блесна во првата сезона во дресот на неаполитанците каде беше еден од клучните игрчи со што го примами интересот на „црвените ѓаволи“.

Мин Џеј кој пристигна како замена за Калиду Кулибали во договорот има откупна клаузула од 45 милиони евра, но англискиот гигант е подготвен да издвои до 60 милиони евра за негов потпис. Сепак многу ќе зависи и од самиот Наполи кој со цел да го задржи наскоро ќе реагира со нов договор.

„Црвените ѓаволи“ во 26-годишникот гледаат како замена за киксерот Хари Мегваер кој имаше сезона за заборав.

Се вчитува...