Германскиот стопер Никлас Зиле и дефинитивно го напушта Баерн Минхен на крајот од сезоната. Според германските медиуми, Зиле им се налутил на челниците на „Баварците“ поради тоа што наводно му кажале дека има понуда, и дека брзо треба да одлучи за својата иднина.
Заминувањето го потврди и директорот Оливер Кан, кој рече:
„Преговорите беа долги. Му дадовме понуда, тој не ја прифати“, рече Кан и додаде: „Знаеме дека Зиле ќе го напушти клубот на крајот на сезоната“.
Зиле има понуди од Барселона и Њукасл. Најверојатно ќе заврши во таборот на „Каталонците“ по завршувањето на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА