Златан е минато, Халанд е скандинавски крал на стрелците

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, синоќа во победата од 3:2 на неговата Норвешка над Данска учествуваше со два гола, испиша историја и постави нови стандарди.

Халанд со синоќешните голови успеа да го надмине Златан Ибрахимовиќ и да стане најдобар стрелец во репрезентативниот фудбал меѓу сите скандинавски земји.

Халанд во досегашните 56 настапи за репрезентацијата на Норвешка постигна 64 голови, додека Ибрахимовиќ на 122 натпревари за Шведска даде 62 голови.

Напаѓачот на Манчестер сити кој за селекцијата на Норвешка дебитираше во 2019 година, просечно постигнува по 1.1 гол по натпревар.

Апсолутниот рекорд во репрезентативниот фудбал го држи поранешната шведска репрезентативна Лота Шелин која даде 88 голови, но доколку Халанд продолжи со ова темпо на постигнување голови, многу брзо и тоа рекорд ќе биде во сопственост на Норвежанецот.

Се вчитува...