Златан Ибрахимовиќ има ангажман како ТВ-аналитичар на овој светски шампионат, а легендарниот голгетер не го криеше воодушевувањето од Керим Алајбеговиќ по одличното издание на новиот бисер на босанскиот фудбал во триумфот над Катар.
Алајбеговиќ постигна гол за паметење уривајќи рекорд на Килијан Мбапе, но Златан повеќе од тој момент е импресиониран од една друга работа – самодовербата што овој 18-годишник ја покажа на најголемата сцена на светскиот фудбал.
„Сите говорат за тој прекрасен погодок, но за мене голот не е најважен. Најголемата работа кај ова момче е неговата храброст. Имаш 18 години, играш на СП, пред милионска публика, а тој се однесуваше како стадионот да е негов. Таква самодоверба, тоа е вистинска реткост“, изјави Златан.
Според шведската легенда, кој има и босански корени, карактерот е она што ги издвојува врвните фудбалери од останатите.
„Талентот е нешто што го псоедуваат голем број на млади играчи. Гледаме талентирани фудбалери секаде околу нас. Но, талент без карактер не значи ништо. Луѓето ќе кажат дека ова е само почеток на неговата кариера, но ако го задржи овој менталитет, овој гол ќе се памети како моментот кога фудбалот го претстави на големата сцена Карим Алајбеговиќ“, додаде Златан Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
