Златан шокираше: Браво за ФИФА, мило ми е за САД

Шокантната одлука на ФИФА да го казни американскиот голгетер Балогун само со условна казна за црвениот картон против БиХ предизвика бурни реакции од речиси целокупната фудбалска јавност.

Сосема неочекувано, исклучок е Златан Ибрахимовиќ, кој ја поздрави ваквата одлука на светската куќа на фудбалот. Многумина очекуваа Швеѓанецот без влакна на јазикот да ги критикува челниците на ФИФА за ваквиот преседан, но се случи токму спротивното.

„Мислам дека се во право, дека ова е вистинска одлука. Како што рече и Тиери Анри, Балогун воопшто не требаше да добие црвен картон. Бевме сведоци дека Меси имаше и поостар старт што мина неказнето. Мислам дека мораше и порано да реагираат, среќен сум за САД бидејќи играат одличен фудбал, а Балогун е извонреден“, истакна Ибрахимовиќ.

Никој не му објасни на Златан дека проблемот е во тоа што ФИФА не го поништи црвениот картон што ќе беше далеку понормална одлука, туку само изрече условна казна за Американецот, како преседан по едно исклучување на светските фудбалски шампионати.

Се вчитува...