Златниот медал на Џеси Овенс од ЛОИ во Берлин ќе биде продаден на аукција

Еден од златните медали на легендарниот американски атлетичар Џеси Овенс од олимписките игри во Берлин 1936 година, ќе биде продаден на аукција. Се очекува медалот да биде продаден за најмалку 1.6 милиони фунти. Аукцијата ќе се одржи на почетокот на декември во Њу Џерси.

Овенс на ЛОИ во Берлин триумфираше на трките на 100 и 200 метри, во скок во далечина како и на штафетата 4×100 метри. На медалите не се напишани дисциплините, па затоа не се знае кое одличје ќе биде продадено на аукцијата. Една од медалите на Џеси е продадена во 2013 година за сума од 1,1 милион фунти. Локацијата на останатите медали е непозната.

Еден од најпознатите афроамерикански спортисти почина на 31. март 1980 година, по долгата борба со ракот на белите дробови.

Се вчитува...