Злато и светски рекорд за Меклафлин на СП во Јуџин

Американката Сидни Меклафлин на олимписката титула на 400 метри со пречки ја додаде и таа светски шампион. Таа на финалната трка на Светското првенство во Јуџин 50.68 секунди што е нов светски рекорд. Холанѓанката Фемке Бол на крајот заврши како втора, додека на третото место се најде втората Американка, Далила Мухамед.

Шони Милер-Уибо успеа да ги обедини олимписката и светска титула на 400 метри. Атлетичарката од Бахами до златото стигна со време 49.11 секунди што е најдобро постигнување сезонава. Среброто и припадна на Марилејди Паулино од Доминиканска Република, додека на третото место заврши Сада Вилијамс од Барбадос.

На машката трка на 400 метри до златото стигна Мајкл Норман со време од 44.29 секунди. Кирани Џејмс од Гренада го освои среброто, додека бронениот медал заврши на градите на Британецот, Метју Хадсон-Смит.

Австралијката, Кејси Ли Барбер ја одбрани титулата во женското фрлање копје. Таа до златниот медал стигна со фрлање од 66.91 метар што е најдобро постигнување годинава во оваа конкуренција. Среброто и припадна на Американката, Кара Вингер со фралање од 64.05 метри, додека Јапонката, Харука Китагучи со фрлање од 63.27 метри ја освои бронзата.

Се вчитува...