ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Ракометарите на Металург се подготвени за предизвикот што го носи денешниот дуел со Фајверс, ривал со кој македонскиот претставник ремизираше во Скопје, но вечерва (20.45 часот) ќе се обиде да го изненади на гостински терен во Виена. Последниот меч против Чеховски Медведи покажа значителен напредок во играта на „металурзите“, што најмногу се должи на враќањето на Марко Тарабокија. Одличниот среден бек влезе во голгетерски ритам, но и ги разигра соиграчите, а слично издание од него се очекува и вечерва во Виена.
Проблемите со коронавирусот се зад репрезентативецот на БиХ, кој максимално фокусирано го дочекува клучниот дел од сезоната за Металург.
„Се чувствувам добро, излегов од изолација, но и додека бев затворен дома се обидов да тренирам. Имам договор со тренерот ако не се чувствувам добро да излезам, но засега немам никакви проблеми. Што се однесува до дуелот со Фајверс, знаеме дека ќе биде тешко, но Металург нема да се предаде. Видовме како беше во Скопје, одигравме нерешено, а тогаш бевме и комплетни. Но, сега одиме за Виена, можам да кажам дека не бевме комплетни многу време. Малку корона, отсуства со репрезентациите, па некои позитивни некои не, едвај одработевме неколку тренинзи комплетни. Но, еве покажавме против Ч. Медведи дека со повеќе волја и желба и борбеност дека можеме да се носиме со сите. Многу играчи, јас меѓу нив се најдовме во ситуација да играме и напад и одбрана, што можеби никогаш и не сме го играле. Но, за сите ракометари, особено за младите ова е големо искуство“, истакнува Тарабокија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА