Зверев го пропушта Вимблдон, Германецот го чека подолга пауза од терените!

Германскиот тенисер Александар Зверев ќе паузира од шест до осум недели по повредата на скочниот зглоб на Ролан Гарос. Во моментов третиот тенисер во светот се повреди за време на полуфиналето со Рафаел Надал и беше принуден да го предаде мечот.

Подоцна беше откриено дека има скинати лигаменти на стапалото. Тоа значи дека олимпискиот шампион ќе го пропушти Вимблдон кој започнува на 27 јуни, но има шанса да биде подготвен за УС Опен кој е закажан за 29 август.

Иако нема да игра, Зверев од следниот понеделник ќе биде втор на АТП листата, веднаш зад Данило Медведев, а пред Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...