Зверев објави дека боледува од дијабетес и ќе основа фондација

Германскиот тенисер Александар Зверев ја шокираше спортската јавност откако соопшти дека боледува од дијабетес тип 1. Тенисерот кој е роден во Хамбург, шеќерната болест му е дијагностицирана кога има четири години.

Истовремено тој најави основање на фондација, која би се занимавала со обезбедување на инсулин и други лекови.

„Како дете многу размислував за тоа, сега не. Сакам да покажам дека со оваа болест може да одите далеку. Сега после многу години имам храброст да излезам во јавност и да кажам дека сакам да основам фондација“, рече Зверев.

Се вчитува...