Ѕвезда на Евертон „мистериозно исчезна“

Колумбиецот Јери Мина изненадувачки го пропушти поразот на Евертон од 5-0 кај Манчестер сити во последното коло од Премиерлигата.

Се уште нема информации дали дефанзивецот е повреден или менаџерот Карло Анчелоти едноставно го исфрли од тимот. Или пак своеволно го напуштил тимот, пренесува „Марка“.

Сонародникот на Мина, Хамес Родригез веќе од порано си замина во Колумбија, со дозвола на клубот, но кај Мина тоа не е случај, па затоа е нејасно што се случува со фудбалерот. Во последно време се шпекулираше дека Евертон ќе го продаде и ќе бара нов дефанзивец. Но, неговото мистериозно заминување од Ливерпул, доколку е случено самоиницијативно, сигурно нема добро да мине кај Анчелоти и клупското раководство.

Од Евертон се уште не сакаат да поделат официјална информација што се случува со Колумбиецот.

Се вчитува...