Давитков доби отказ: Клубови има многу, Македонија е една! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Давитков доби отказ: Клубови има многу, Македонија е една!

Давитков доби отказ: Клубови има многу, Македонија е една!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, доби отказ од клубот Банијас. Причината за отказот е неговото враќање во Македонија да ја води репрезентацијата на претквалификациите за ЕП 2021. Давитков кон средината на ноември се врати во Скопје каде ја водеше нашата селекција до две победи во низа против Словачка и Швајцарија, а на својот „фејсбук“ профил истакна дека ја направил вистинската одлука.

„Клубот може да го раскине договорот со мене бидејќи сум бил да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Го почитувам тоа, но сега повторно да одлучувам, одлуката ќе биде иста. Клубови имало многу и уште многу ќе има, но само една е репрезентацијата на Македонија“, напиша Давитков на „фејсбук“.

Македонскиот стратег кон почетокот на минатиот месец стапи во соработка со екипата од Абу Даби.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.