И Пановски од Борец се врати во Силекс

Македонскиот прволигаш Силекс доби уште еден повратник во своите редови. Александар Пановски, кој изминатите шест месеци ги бранеше боите на второлигашот Борец, одлучи да се врати во Кратово и повторно да му биде на располагање на тренерот Жикица Тасевски.

Претходно, и Ѓорѓи Танушев го стори истото, од Борец се врати во прволигашот Силекс.

Кратовци веќе една седмица се подготвуваат за пролетниот дел од првенството, а главната фаза ќе ја реализираат во Анталија.

Се вчитува...