„Лавовите“ го одложија стартот на подготовките, Фетаи се враќа во Ѓорче Петров - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

„Лавовите“ го одложија стартот на подготовките, Фетаи се враќа во Ѓорче Петров

„Лавовите“ го одложија стартот на подготовките, Фетаи се враќа во Ѓорче Петров

Македонија ЃП денеска требаше да ги започне зимските подготовки, но поради лошите временски услови, првиот тренинг во новата година е одложен за во петок.

Останати тимови од Првата лига ги започнаа подготовките, но од Македонија ЃП се одлучија сепак да одложат неколку денови како би се создале барем минимални услови за работа…

„Требаше денеска да ги започнеме зимските подготовки, но временските услови ни се најголемата пречка во моментов. Теренот е замрзнат, а и состојбата во соблекувалните е лоша. Ќе почекаме да се подобри температурата и сигурно во петок ќе го одржиме првиот тренинг во оваа година. Неколку играчи си заминаа, веројатно Фетаи, кој беше во Велазерими ќе ни се приклучи во тимот, а ќе се направат уште неколку играчки промени“ – ни изјави стратегот на „лавовите“, Јовица Кнежевиќ.

Македонија ЃП, со 15 бода, есенскиот дел од првенството го заврши на претпоследната позиција, единствено пред Брегалница која има 11 бода. Во првото пролетно коло, на 19. февруари, „лавовите“ го пречекуваат тимот на Работнички.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.