Македонско дерби, повеќе „врева“ отколку кошарка (Фотогалерија)

МЗТ Скопје го надигра тимот на Карпош соколи и сосема заслужено си ја осигура „пол-позицијата“ во пресрет на плејофот, но разочарувачки беше што наместо атрактивните потези, дербито го одбележаа инцидентите и критиките што двата тима ги упатуваа кон судиите и записничката маса.

Гостите покажаа дека не знаат да се носат со пораз, на моменти делуваа брутално (намерната лична на Лабовиќ во третата четвртина), по убедливата негатива во конфликт со арбитрите влезе и Трајковски, а чести приговори можеа да се чујат и од тренерот Николиќ. Незадоволство од арбитражата, која не беше на едно дерби-ниво, покажаа и домаќините, па вистинска штета што во малата сала „Јане Сандански“ фокусот остана на „вревата“ и поплаките, наместо на кошаркарската битка на теренот.

[new_royalslider id=”611″]

Се вчитува...